понеделник, 17 март 2025

Трамп го укинува нафтениот договор со Венецуела, се жали и дека споро ги префрлаат мигрантите

Американскиот претседател Доналд Трамп најави укинувања на отстапките кои пред две години на Венецуела ѝ ги одобри неговиот претходник Џо Бајден. Трамп на социјалната мрежа Трут соушал порача дека ги укинува отстапките од договорите за трансакциите на нафта, од 26 ноември 2022 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На тој ден администрацијата на Бајден му издаде лиценца на Шеврон за своето производство да го прошири во Венецуела и да увезе сирова нафта во САД, што беше и единствената лиценца која американската влада ѝ ја додели на Венецуела тој ден. Трамп во својот пост не го спомна Шеврон.

Трамп во февруари објави дека Венецуела прифатила враќање на сите нелегални мигранти од САД и дека ќе обезбеди нивен превоз назад во земјата.

Во најновиот пост Трамп вели и дека претседателот Николас Мадуро не ги префрла Венецуелците од САД со динамиката која е договорена. Мадуро и неговата влада секогаш ги отфрлаат американските санкции, нарекувајќи ги рестрикциите нелегални мерки кои се сведуваат на економска војна чија цел е да се уништи Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ