„Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата на Америка, целосна и тотална катастрофа“, напиша Трамп на социјалната мрежа, додавајќи дека постапките на Бајден, како и неговите „насилници што се мешаат во изборите“, нема да бидат заборавени.
Тој посебно се осврна на граничната политика на Бајден, тврдејќи дека тоа довело до зголемени безбедносни закани.
„Нашата земја е катастрофа, за потсмев во целиот свет! Тоа се случува кога имате отворени граници“, напиша Трамп.
Трамп, кој е познат по тоа што ги фаворизира високите увозни царини, повика и на промени во економската политика, најавувајќи враќање на приходите засновани на царини.
„Тарифите и царините го создадоа ова огромно богатство за нашата земја. Да ја направиме Америка повторно богата“, напиша тој.
Предупредувајќи на, како што рече, „насилната ерозија на безбедноста, националната безбедност и демократијата“, Трамп вети дека ќе ги реши овие прашања по преземањето на функцијата на 20 јануари.
„Само силата и моќното лидерство ќе го сопрат тоа. Се гледаме на 20 јануари“, напиша Трамп, мислејќи на датумот на претседателската инаугурација.