сабота, 15 март 2025

Трамп: Би било одлично ако сите се ослободат од нуклеарното оружје

Русија повика на дијалог откако претседателот Трамп рече дека би било „одлично ако сите се ослободат од нуклеарното оружје“. Кремљ нагласи дека во разговорите треба да се вклучат и европските нуклеарни арсенали. Францускиот претседател Макрон предложи да се прошири заштитата што ја обезбедуваат француските нуклеарни боеви глави и на другите земји на континентот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Доналд Трамп изјави дека би било одлично доколку сите се ослободат од нуклеарното оружје.

„Знам дека и Русија и ние имаме убедливо најмногу нуклеарно оружје. Кина ќе има еднаква количина во рок од 4-5 години. Би било одлично ако сите можеме да се ослободиме од нуклеарното оружје бидејќи неговата моќ е луда“, рече Трамп.

Запрашан за тие изјави, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите: „Дијалогот меѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето е неопходен, особено во однос на стратешката стабилност“.

Емануел Макрон ја нарече Русија „закана за Франција и Европа“. Москва го оцени неговиот говор како заканувачки и во него препозна „тонови на нуклеарна уцена“. Кремљ го опиша како многу конфронтирачки и тврди дека Франција се обидува да го преземе „нуклеарното лидерство во Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ