„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомби паѓаат насекаде. Поспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, избркан од демократите, а неговата другарка Камала (Харис) оди на турнеја со автобус со Тампон Тим (Тим Волц, кандидат за потпретседател), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Ајде да не се случи Трета светска војна, бидејќи во тој правец одиме“, порача Трамп на социјалната мрежа Икс.
Who is negotiating for us in the Middle East? Bombs are dropping all over the place! Sleepy Joe is sleeping on a Beach in California, viciously Exiled by the Democrats, and Comrade Kamala is doing a campaign bus tour with Tampon Tim, her really bad V.P. Pick. Let’s not have World…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 25, 2024
Изјавата на Трамп доаѓа во момент на ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
Израел во неделата почна серија воздушни напади на цели на Хезболах во јужен Либан, наведувајќи дека нападите се превентивни чекори за да се спречи Хезболах да лансира ракети и проектили на Израел.
Хезболах, од друга страна, соопшти дека во првата фаза на нападот испукал на Израел 230 проектили на северот на таа земја, како одговор на убиството на високиот командант на Хезболах Фуад Шукур на 30 јули во Бејрут.