недела, 13 октомври 2024

Трамп: Бајден е неспособен да ги извлече САД од конфликтот во Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, гостувајќи кај Такер Карлсон, изнесе сомнеж дека американскиот претседател Бајден ќе биде физички способен да се кандидира за реизбор во 2024 година, откако ја скокна првата републиканска дебата во кампањата, пренесуваат американските медиуми.

Во поголемиот дел од интервјуто поранешниот претседател на САД го критикуваше Бајден, кого го опиша како „најлошиот претседател во историјата на земјата“.

„Тој е најлошиот претседател во историјата на нашата земја. Мислам дека нема да успее на изборите. Мора да работи. Тој би требало да нè извлече од оваа страшна „војна“ во која сме исклучително вмешани, заедно со Русија и Украина. Не верувам дека би можел тоа да го направи бидејќи е едноставно неспособен“, кажа Трамп, истакнувајќи дека конфликтот мора веднаш да заврши. „Но не поради едната или другата страна, туку затоа што гинат стотици илјади луѓе, без оглед дали станува збор за Украинци или Руси“.

Додаде дека мисли дека Бајден е предмет на потсмев во Русија.

„Што мислите дека Русите мислат за Бајден? Јас мислам дека не можат да веруваат, дека мислат дека сето ова е местенка“, укажа поранешниот американски претседател. „Тој не може да состави две реченици, не може да зборува, не може да оди“, додаде Трамп за 80-годишниот Бајден.

Трамп ги отфрли различните обвиненија против него како политички мотивирани и порача дека е уверен дека сè повеќе луѓе „гледаат дека тоа е измама“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ