„Спарси“ минатото лето го продадоа Хари Кејн на Баерн Минхен но не донесоа директна замена и сезоната ја одиграа без класичен напаѓач.
Сепак, Тотнем ова лето реши да инвестира во нов голгетер и изборот падна на Доменик Соланке од Борнмут.
Англичанецот попладнево беше промовиран како нов фудбалер на Тотнем во рекордна зделка и за „спарси“ и за Борнмут.
Со 65 милиони фунти (55+10), тој ќе стане играчот за кој Тотнем одвоил најголема сума, како и играчот за кој Борнмут извлекол најмногу пари.
За Доменик Соланке, кој е продукт на школата на Челси а потоа имаше и авантура во Ливерпул, минатата сезона беше најдобрата во неговата кариера со 19 погодоци во Премиерлигата.