понеделник, 17 март 2025

Тошковски замина во Израел за да ги види најновите технолошки достигнувања во модернизацијата на безбедносниот систем

На покана на израелската компанија Елбит систем, која е долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве министерот за внатрешни работи Панче Тошковски престојува во Израел со цел размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива оваа компанија за справување со модерните безбедносни предизвици.

Објавено на

часот

Сподели

Како што напиша Тошковски на фејсбук, посебен фокус бил ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на Македонија.

„Дополнително, го посетив полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запознав со функционирањето на нивниот интегриран безбедносен систем. Центарот користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција на безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот“, напиша Тошковски.

Во рамки на посетата, министерот Тошковски остварил средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност, со кого разговарал за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Тошковски изразил искрено сочувство за жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, како и поддршка во сите напори за враќање на заложниците кои сè уште не се вратени во своите домови.

„На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните“, објави министерот за вантрешни работи  Тошковски и додаде дека оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за македонската заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ