среда, 4 декември 2024

Тошковски соопшти дека студентката од Голо Брдо е пронајдена и е во добра состојба

По денешното исчезнување на лицето Е.Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба, напиша на својот фејсбук-профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е разговор на полициски службеници од СВР Скопје со студентката во врска со причините за исчезнувањето.

Синоќа другарката на исчезнатата Енкеледа Чела (20) ја пријави за исчезната. Чела е студентката на Економскиот факултет во Скопје, државјанка на Албанија, Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо.

Девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ