„Она кое што беше во изминатиот период информација а се слеваше преку безбедносните служби, до мене лично и до премиерот., говореше во насока на тоа дека ќе постојат обиди каков што беше примерот со оној не сакан настан којшто го имавме во рамки на општина Гостивар. Тоа како настан е да речеме дека се случи, се надевам дека во иднина нема повеќе да имаме настани кои што ќе подгреваат било како меѓуетнички или меѓу верски, или било какви други тензии. Но доколку ги има соодветно ќе одговориме“, рече Тошковски.
Прашан зошто бил разрешен полицискиот началник Наим Рамука од Регионален центар Север, Тошковски одговори дека е поради поведена дисциплинска постапка поврзана со настанот со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Секој еден во рамки на министерството кој што презема одредени дејствија треба да ги преземе, особено дејствијата кои ги презема во рамки на службата, односно во рамки на постапувањето согласно закон и подзаконски акти за интерес за граѓаните да ги преземат овие согласности согласно закон и согласно подзаконскиот акти.
Онаму каде што ќе биде утврдена повреда, особено за време на вршење на работа ќе биде соодветно постепено. Никако не е постапено поинаку барем за изминатиот период додека јас не одам со министерството“, потенцираше Тошковски.
На новинарско барање за коментар за наводите на СДСМ преку прес-конференција за ослободување на телохранител на премиерот Христијан Мицкоски од одговорност и негово унапредување, Тошковски рече дека лицето било суспендирано од работа и била поведена постапка, а надлежниот јавен обвинител во конкретниот предмет утврдил дека полицискиот службеник треба да се ослободи од одговорност.
„Актот е доставен во рамки на дисциплинската постапка која што е водена во Министерството за внатрешни работи и од страна на дисциплинската комисија е утврдено дека за предметното службено лице не постојат услови за да биде санкциониран во рамки на дисциплинската постапка која што е спроведена во министерството. Тоа значи дека откако е завршена постапката во рамки на јавното обвинителство, на начин кој што е завршена е завршена и постапката во рамки на Министерството за внатрешни работи“, рече Тошковски.
Апеираше до опозицијата и сите останати, како што рече, да не ја манипулираат јавноста за случаите поврзани со МВР.
Министерот Тошковски денеска го посети полициското одделение во Јегуновце каде присуствуваше на отворање нова канцеларија на управните служби на МВР, која ќе функционира во рамки на одделението. Жителите на руралната Општина Јегуновце ќе може во таа канцеларија да отпочнат постапката за издавање на патни исправи, една смена од понеделник до петок.
„Во наредниот период ќе следат уште најмалце на две локации, каде што заедно со барања на жителите а каде што имаме услови ќе отвориме нови нови управни служби се со цел да ги растеретиме постоечките. На пример, да речеме претходно овде гужвата се ствараше во рамки на управни служби Тетово. Сега граѓаните од Општина Јегуновце ќе може да се пристапат и да си подигнат патна исправа, лична карт, возачка дозвола сите оние документи во рамки на полициската станица којашто се наоѓа во општина Јегуновце“, рече Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека отворањето на канцеларијата е дел од посветеноста на ова раководство на МВР да ги доближи своите услуги поблиску до граѓаните за кои истите и се наменети.
„Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе го унапредиме квалитетот на животот и работењето на граѓаните. Од денес над 12.000 жители од Јегуновце, селата и месните заедници коишто гравитираат во општината ќе можат побрзо да дојдат до својот личен документ или услугата која им е потребна од управните служби. Ние како раководство на МВР и Влада сме посветени на унапредување на сите процеси кои услугите на државата ќе направат дигитални и поблиски до граѓаните“, нагласи министерот Тошковски.
Тошковски рече дека бил информиран за набавката на нов агрегат и ново знаме за полициското одделение, нешто што недостигало при неговата посета пред неколку месеци.
Тој уште еднаш потсети дека гужвите кои се создаваа со промена на личните документи со новото уставно име се минато и потсети дека рокот на возачките дозволи со старото уставно име е до 31.12.2024 и ги повика граѓаните кои досега не ги замениле да го направат тоа во утврдениот рок.