понеделник, 14 октомври 2024

Томовски: Маричиќ сакал со авион да лета до Ниш, а Талат Џафери го барал оти ќе се распаднела коалицијата СДСМ–ДУИ

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи за ТВ21 изјави дека од поранешниот министер Бојан Маричиќ и од поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери имало обиди за злоупотреба на владиниот авион. Маричиќ барал со владиниот авион да лета од Скопје до Ниш, а Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ, открива Томовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Има еден обид за злопотреба и една класична злоупотреба на авионот. Бојан Маричиќ го барал авионот да лета од Скопје до Ниш, а побрзо и поекономично е да стигне до Ниш со возило. И за среќа е одбиен од службата. И вториот случај е кога од Талат Џафери бил побаран владиниот авион во периодот кога леталото било на вонреден сервис во Нирнберг. И додека е авионот на сервис, пилотите одат во САД каде вежбаат на симулатор за летање, по што пилотот добил телефонски повик брзо да се врати во Скопје со авионот. Тој им одговорил дека авионот е расклопен и дека е на сервис и дека не може да се врати, по што му рекле како знае да го склопи авионот и веднаш да дојде во Скопје, во спротивно ќе се распаднела тогашната коалиција СДСМ – ДУИ. Значи има загрозување на безбедноста на пилотите, патниците кои понатаму ќе летаат со тој авион само да не се распадне коалиција“, рече Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ