Андреј Тодороски игра во одлична форма на почетокот од новата сезона во најсилната лига на Србија, вечерва запиша гол и асистенција и беше клучен играч во тимот на Спартак Суботица.
На гостувањето кај Чукарички, Македонецот во 15. минута од мечот одлично избегна една офсајд замка, го помина голманот и рутински реализираше за 1-1.
По еден час игра, Андреј Тодороски одново доби топка во фор, напаѓачот овој пат го проигра Убипарип, кој од тежок агол погоди за 1-2.