сабота, 23 ноември 2024

ТИРЗ: Раст од 12 проценти на извозот од индустриските зони во првиот квартал од 2023 година

Објавено на

часот

Сподели

На месечно ниво вкупниот извоз од зоните во март достигна 345 милиони евра, што е за 31 процент повисоко споредено со март 2022.

„И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе пет години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 770 милиони евра и е за 3,5 проценти повисок од првиот квартал лани, и речиси 5 отсто повисок споредено со првиот квартал во 2021 година. Дури 40 проценти е порастот на увозот во однос на 2020, додека споредно со првиот квартал 2019 година увозот пораснал за 21 отсто, односно 57 проценти однос на 2018. Во зоните во март месечниот увоз во ТИРЗ е на ниво од 279 милиони што е за 17 отсто повеќе во однос на март лани. Анализата покажува дека во третиот месец од годинава е регистрирано и високо ниво на нето извозот од 23,4 проценти“, информираат од ТИРЗ.

Анализата, пишува во соопштението од ТИРЗ, покажува и дека продолжува растот на бројот на вработени кој во март достигна највисоко ниво досега. Во компаниите во ТИРЗ работат 16.650 наши сограѓани што е за речиси 15 проценти повеќе во однос на истиот период лани. Само со почетокот на годинава над 260 наши сограѓани се вработиле во компаниите во ТИРЗ.

„Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што ТИРЗ во последниве две години се постигнати договори во вкупен обем од над 620 милиони евра и истите треба да донесат над 5000 нови работни места“, информирата од дирекција за ТИРЗ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ