петок, 6 декември 2024

Тирамису

Објавено на

часот

Сподели

Состојки:

  • 500 г маскарпоне
  • 300 г пишкоти
  • 300 мл силно кафе (еспресо, а може и нес)
  • 2 лажици рум
  • 4 јајца (посебно жолчките и белките)
  • 100 г шеќер во прав
  • 200 г ситно рендана чоколада за готвење
  • какао

Приготвување:
Измешајте ги еспресото и румот. Кога смесата ќе се олади, натопувајте ги пишкотите по 1-2 секунди во неа и редете ги на дното на голема чинија за торта, во еден слој.
Одвојте ги белките и жолчките.
Изматете ги жолчките со шеќерот, 3 до 5 минути.
Во меѓувреме мешајте го со лажица маскарпонето за да омекне. Додајте му ги жолчките и матете 2 до 3 минути.
Убаво изматете ги белките во посебен сад додека да почнат да се формираат врвчиња, а потоа додајте ги во смесата со маскарпонето и измешајте со дрвена лажица.
Пренесете половина од смесата со маскарпоне врз првиот слој пишкоти.
Врз неа исто така во еден слој додајте ги останатите пишкоти натопени во кафе и рум. Врз нив намачкајте го другиот дел од смесата со маскарпоне.
Одозгора украсете со ренданата чоколада (или со какао). Чувајте ја тортата во фрижидер неколку часа пред сервирањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ