петок, 27 септември 2024

Тимот на Бајден инвестираше 50 милиони долари во кампања што сугерира дека Трамп е кривично одговорен

Кампањата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи до крајот на јуни да потроши 50 милиони долари, меѓу другото, за телевизиска реклама во која се вели дека Доналд Трамп е кривично одговорна личност врз основа на судска пресуда, сигнализирајќи ја намерата на демократскиот фаворит да ги направи правните проблеми на својот републикански ривал поголем проблем пред изборите во ноември.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Рекламната кампања на Бајден започна пет месеци пред денот на изборите, но неговата кампања денеска соопшти дека сака појасно да го дефинира изборот со кој се соочуваат гласачите пред првата јавна дебата меѓу Бајден и Трамп закажана за 27 јуни во Атланта.

Трошоците за рекламна кампања вклучуваат повеќе од 1 милион долари само за медиумски пораки.

Во вкупната сума е вклучено и видео во кое се нагласува дека Трамп е прогласен за виновен по 34 точки од обвинението пред судот во Њујорк во кое се товари дека фалсификувал документи со цел да ги прикрие исплатите на порно актерката Сторми Даниелс, за таа да не зборува за нивната сексуална афера среде претседателската кампања во 2016 година.

Спотот насловен како „Карактерот е важен“ ќе биде прикажан на телевизија, уреди за стриминг и мобилни телефони во државите каде демократите и републиканците немаат јасно мнозинство, како и на националната кабелска телевизија.

Видеото ќе нагласи дека поранешниот претседател на САД исто така е прогласен за виновен за сексуален напад и финансиска проневера во посебни судски постапки.

Трамп го чекаат уште три кривични случаи, но тие судења веројатно нема да започнат пред изборите во ноември.

Нараторот во споменатото видео вели: „На овие избори одлуката е помеѓу осуден криминалец кој се грижи само за себе и претседател кој се бори за вас и вашите семејства“. Нарацијата е синхронизирана преку фотографија од притворот на Доналд Трамп и сцена од митинг на поддржувачите на Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ