Ангелов појаснува дека, бидејки сѐ уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи, а чие формирање е во крајна фаза, тимот од Зоолошката градина Скопје заедно со инспекторот за ловство излегле на лице место, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата, и ѝ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи.
„Откако се освестила од опојното средство мечката заминала. Целата интервенција се одвивала во присуство на полицајци од полициската станица Дебар. Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето Канеш Стогово и месното население. Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошката градина Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат уловената во стапица мечка“, изјави Ангелов.