петок, 29 ноември 2024

Тикток реагираше на забраната на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години во Австралија

Австралијците на забраната за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години, прва во светот, реагирале со комбинација на гнев и олеснување, но технолошките џинови како Тикток сметаат дека таа би можела младите да ги турне кон „уште помрачни ќошеви на интернет“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Доцна синоќа Австралија ја одобри забраната за користење на социјалните мрежи за децата поставувајќи глобални ограничувања со воведување на еден од најстрогите прописи кој се однесува на работење на некои од најголемите интернет компании.

Со законот технолошките џинови, како Инстаграм, Фејсбук и Тикток, се приморани да ги спречат малолетниците во обидот да се пријават на нив, бидејќи во спротивно им следуваат казни и до над 30 милиони евра. Во јануари ќе се почне со тесни обиди за казнување, а забраната ќе стапи на сила за една година.

„Платформите се сега општествено одговорни бидејќи мораат да ја гарантираат безбедноста на нашите деца и тоа треба да им стане приоритет“, кажа денес австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Најавувајќи ги предностите на забраната претходно месецов, Албанезе наведе дека демнат ризици за физичкото и менталното здравје на децата во случај на претерано користење на социјалните мрежи.

Некои Австралијци сметаат дека идејата е одлична бидејќи одделни социјални медиуми не се соодветни за деца. Други реагираат гневно сметајќи дека владата ја злоупотребува демократијата. Истовремено, оние поради кои законот е донесе велат дека ќе се обидуваат да најдат начини да ја заобиколат забраната.

Портпаролот на Тикток, кој е исклучително популарен меѓу тинејџерите, денес кажа дека целиот процес е многу избрзан и дека постои опасност децата да се доведат во уште поголема опасност. „Разочарани сме што австралиската влада ги занемари советите на бројни експерти за менталното здравје на младите, експерти за безбедноста на користењето на интернет, но и експертите кои ги застапуваат младите и остро се противат на забраната“, кажа портпаролот.

Албанезе одговори дека не тврди дека спроведувањето на законот ќе биде совршено, исто како што забраната за алкохол за помлади од 18 години не значи дека тие не го консумираат, но дека знае дека правилно постапува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ