Тикток, кој поднесе жалба за поништување на законот, во четвртокот рече дека американското Министерство за правда погрешно тврдело дека апликацијата претставува закана за националната безбедност на САД бидејќи може да ѝ дозволи на кинеската влада да собира податоци за Американците и тајно да манипулира со содржината на социјалната мрежа, пренесува Ројтерс.
Според законот, кој беше потпишан од американскиот претседател Џозеф Бајден на 24 април, Бајт-денс има рок до 19 јануари да го продаде Тикток или ќе се соочи со забрана.
Белата куќа соопшти дека сака Тикток повеќе да не биде во сопственост на компанија со седиште во Кина од причини за национална безбедност на САД, без да сака да ја забрани платформата.
Апелациониот суд ќе одржи усни аргументи за случајот Тикток на 16 септември.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни изјави дека никогаш нема да поддржи забрана за Тикток.
Американската потпретседателка и демократска претседателска кандидатка Камала Харис како дел од кампањата во јули се приклучи на Тикток.