среда, 22 јануари 2025

Тетовасот бара Владата огласите да ги објавува на онлајн медиумите, а не во весниците

Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања, прашува порталот Тетовасот во денешниот напис насловен како „Портпаролката Венера Азизи: Владата гради транспарентност која ќе создаде доверба“.  Обраќајќи ѝ се на владината портпаролка Венера Азизи, порталот пишува дека таа мора итно да се позанимава со ова прашање, „бидејќи доколку им се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите“.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавно ја повикуваме Венера да ја преиспита една од најскандалозните одлуки на претходната Влада, која важи и денес дека огласите мора да се објавуваат во дневен весник, одлука која го оштетува државниот буџет и не му служи на ниту еден граѓанин. Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања. Тогаш каде е интересот на Владата да потроши милиони евра за услуга што граѓаните не ја добиваат“, пишува Тетовасот.

Од порталот сметаат дека Азизи мора итно да се позанимава со ова прашање, бидејќи, како што пишуваат, доколку се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите.

„Па, тие милиони евра да ги поделиме на сите онлајн медиуми на албански јазик, зошто да зема само весникот Коха? Каква е оваа страшна монополизација во оваа држава? Каде е дигитализацијата на медиумите? Каде е поддршката за медиумите на транспарентен начин? Така што веруваме дека Венера сериозно ќе ја сфати оваа иницијатива и ќе ја истера до крај со помош на вицепремиерот Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари. Очекуваме добар пат во оваа насока. Инаку нема ЕУ“, пишува Тетовасот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ