сабота, 30 ноември 2024

Тесла дојде во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тесла, марката која предизвика револуција во светот на автомобилизмот со своите електрични возила, преку компанијата еАуто дојде и кај нас.

Фото: Авто плус

Објавено на

часот

Сподели

Продажниот салон на еАуто е местото каде што можете да го набавите својот тесла автомобил, а се наоѓа во рамки на спортскиот аеродром Стенковец, во околината на Скопје.

Компанијата еАуто најави и дека ќе постави инфраструктурна мрежа на брзи полначи за моделите на Тесла на најмалку 15 локации низ Македонија, што конечно ќе овозможи овие автомобили почесто да ги гледаме на нашите патишта.

Во новиот салон на еАуто се изложени моделот Ипсилон и подневниот модел 3 на Тесла, а на промоцијата беа изложени и неколку постари модели на брендот.

Според најавеното, моделот 3 со стандардна батерија ќе чини од 55.000 евра, а моделот Ипсилон ќе почнува од 56.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ