На 20 август во 20:40 часот во полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н. (28) од село Добрево, пробиштипско. Според пријавеното, тој добил повреди при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, стои во дневниот Билетен на МВР.
Дополнуваат дека увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.