Тео Волкот важеше за еден од најголемите таленти во својата генерација, беше и останува најмалдиот дебитант во дресот на Англија со само 17 години, но поради честите повреди никогаш не стана голема фудбалска ѕвезда.
Изминативе две години настапуваше во матичниот Саутемптон, а откако „светците“ испаднаа од Премиерлигата, напаѓачот реши да стави крај на кариерата на 34 години.
„Официјално ги закачувам копачките на клин. Малку ми е страв, нема да лажам“ – вели Тео Волкот.
„Страшно е бидејќи фудбалот е се што знам од мојата 16-та години, можеби и порано. Сакам да пробам нови работи, работи кои не ги искусив како дете… пропуштив многу поради фудбалот. Едноставно сакам да го живеам животот, вообичано се се вртеше околу фудбалот за мене“.