понеделник, 14 октомври 2024

„Тендери“ се ближи кон крајот, одложено судењето за Канческа Милевска

Објавено на

часот

Сподели

Бранителот на Канческа Милевска, адвокатот Сашо Дуковски, денеска го известил судот дека обвинетата има итна медицинска интервенција на близок член од семејството.

На денешното рочиште, обвинителството требаше да започне со давање на завршните зборови.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност (Музеј на ВМРО), како дел од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според обвинителството, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ