петок, 13 декември 2024

Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи удари длабоко во Русија

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговараат во Париз за можноста да се убеди американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да ѝ дозволи на Украина да истрела проектили „ сторм шедоу“ длабоко на руска територија, изјавија извори од британската влада за британски Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите велат дека британските власти се надеваат дека Бајден конечно ќе го даде одобрението што Киев го бара со месеци. Разговорите ќе се одржат во Париз, бидејќи Стармер ќе биде првиот британски лидер кој денеска ќе присуствува на церемонијата на Денот на примирјето во градот по Винстон Черчил во 1944 година.

Се очекува Стармер и Макрон да разговараат и за влијанието на новиот претседателски мандат на Трамп во Белата куќа врз Блискиот Исток. За време на предизборната кампања, Трамп зборуваше за завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата.

Стармер вети дека ќе соработува тесно со Трамп. По изборната победа на Трамп, Бајден се обидува да обезбеди американска поддршка за Украина.

Белата куќа во четвртокот објави дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина користејќи средства што веќе ги одобри Конгресот. Бајден ќе побара од Трамп да не ја прекинува помошта за Украина кога ќе се состанат во среда, изјави во неделата американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„Бајден ќе има можност во следните 70 дена да им го претстави на Конгресот и на новата администрација ставот дека САД не треба да ја прекинат помошта за Украина бидејќи тоа би значело поголема нестабилност во Европа“, рече Саливан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ