среда, 4 декември 2024
По изборот на Трамп за претседател

Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“

Иран, кој со децении има тензични односи со САД, денеска изрази надеж дека изборот на Доналд Трамп ќе му овозможи на Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различни американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај, пренесе официјалната агенција ИРНА.

Тој апелираше до Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

Иранските медиуми денеска на големо известуваат за резултатите од претседателските избори во САД.

„САД се големиот сатана, кој и да е претседател“, пишува весникот Кејхан.

Владиниот весник Иран наведува дека „Иранската економија е погодена од притисоци, но сега ситуацијата е поинаква и Трамп повеќе нема да може да го изолира Иран и да ѝ наштети на економијата на земјата“.

За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп одржуваше мошне напнати односи со Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ