Состојки:
- 1 кг компири излупени и исечкани на мали коцки
- 2 коцки пилешка супа растворени во 200 мл вода
- 100 мл неутрална павлака
- 200 г кисела павлака
- 300 г рендан чашкавал чедар
- 1 кромид, ситно сечкан
- 200 г путер, стопен
- 2 чаши житарки корнфлекс
Начин на приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Убаво измешајте ги компирчињата, супата од коцка, неутралната павлака, киселата павлака, чедар кашкавалот и кромидот со 150 г од путерот. Додајте зачини по желба: сол, црн пипер, лук во прав…
Подмачкајте ја тавата за печење и префрлете ја смесата во неа.
Здробете ги житарките крупно и измешајте ги со преостанатите 50 г путер. Попрскајте ги врз смесата со компири.
Печете на 180 степени 50 минути.