петок, 13 декември 2024

Таткото на исчезнатиот Самиол: Се сомневаме дека го убиле и го фрлиле некаде

Една година по исчезнувањето на Самоил Костадиновски од Скопје, неговиот татко денеска за медиумите изрази сомнежи дека неговиот син е мртов. Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа лани изјави дека никој ништо не знае за нејзиниот внук.

Објавено на

часот

Сподели

„Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, нашиот Самоил каде се наоѓа до овој момент. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше со себе пари, оваа криминална група го има убиено и негде фрлено. Зашто истите тие се нуделе на албанците, дека биле спремни да убиваат, да киднапираат“, вели Љупчо Костадиновски.

На Самоил Костадиновски (26) од 3 март лани му се губи секаква трага. За утре се закажани завршни зборови во судскиот процес кој се води против две лица за неговото киднапирање, а потоа треба Основниот кривичен суд Скопје да донесе одлука за случајот.

Таткото на Самоил очекува осудителна пресуда, но семејството е незадоволно од тоа колку луѓе се опфатени со обвинението и бараат проширување на истрагата.

Обвинителството во септември поднесе обвинение против две лица. Едно е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ