Осомничениот 59-годишник, во временскиот период од јуни 2023 година до средината на август годинава, во семејната куќа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата положба во својство на крвен сродник во права линија – татко, ја наведувал да врши друго полово дејствие сопствената малолетна ќерка родена во 2010 година и истовремено вршел полови дејствија пред неа.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.