Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.
„‘Вреди’ е подготвена да разговара за сè. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаа под тепих. Ние сме подготвени да разговараме за пакет-мерки за прашања кои се нерешени во изминатите 20-30 години и во да ги решиме во пакет. Зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања, ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата,… Тоа ги интересира граѓаните, подобри плати, подобар живот“, истакна Таравари.
На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ сè уште не ја отвориле оваа тема.
„Подготвени сме и мислам дека би било убаво да ги отвориме сите теми и да најдеме решение, а не да ги оставиме и да видиме дали понатаму ќе ги решиме“, повтори Таравари.