среда, 9 октомври 2024
Превирања во АА

Таравари сака да го претрка Села – утре ќе го собира Централното претседателство

Откако се пронесе глас дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари сака да го претекне претседателот на Централното собрание, Зијадин Села, и од него закажаниот состанок за сабота, повикувајќи ги членовите на ова тело на состанок утре во Куманово, преку официјалниот мејл на Алијанса за Албанците пристигна соопштение, кое практично преставува реакција од страна на Села и неговото крило. Во него се вели дека Централното собрание е веќе закажано за сабота, а дека Таравари, всушност, кани на средба.

Фото: Од времето кога немаше раскол во АА

Објавено на

часот

Сподели

Состанок на Централното собрание е веќе закажан, се нагласува во реакцијата и се вели:

„Дел од членпвите на Собранието во текот на вчерашниот ден добија порака за СРЕДБА во градот Куманово, а потоа и за СРЕДБА со г.Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Ресорт Буши во 13 часот“, се вели во соопштението и притоа, покрај веќе двата документи за централното собрание – поканата потишана од организацискиот секретар и одлуката за свикување на собранието со две точки од дневниот ред, се приложува и следната порака пратена по мобилен телефон со потпис на Таравари:

Taравари во поканата напиша дека членовите ги повикува во просториите на поранешниот Комитет во Куманово, каде по собирот ќе се одржи состанок на членовите на партиското собрание.

Последново соопштение од Алијанса за Албанците пак, зад кое едно од низата со кое крилото на Села се огласува во јавноста. Вчера преку истиот мејл беше известена јавноста дека Алијанса за Албанците бара од Владата да бидат разрешени Азир Алиу и Фатмир Меџити од министерските функции, додека не беше спомнато името на министерот Кренар Лога кој цврсто стои на позициите на Зијадин Села.

Села како претседател на Централното собрание на партијата за состанокот во сабота постави две точки – извештај од претседателот Таравари за политичките случувања поврзани со претстојните иззбори, како и разгледување на одлуката пд минатата година за самостоен изборен настап, нешто што и натаму како став го застапува Села, наспроти Таравари кој соопшти дека партијата ќе ја приклучи кон опозицискиот блок Европски сојуз за промени.

Расколот во партијата предизвика бура и на политичката сцена, од една страна затоа што постои можност да се разниша и самата техничка влада, за што денеска поранешниот премиер Димитар Ковачевски рече дека би било политички феномен владата која треба да организира иззбори, да падне. Од друга страна, се смета дека со својот потенцијал на изборите, Алијанса за Албанците може да биде јазичето на вагата за коалицирање со победникот на изборите, односно да биде фактор за составување на Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ