петок, 27 септември 2024

Таравари: Потребна е глобална соработка за борба против антимикробната отпорност

Министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во рамките на 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Објавено на

часот

Сподели

Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакнал посветеноста на Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата со ковид 19.

Таравари ја потврдил заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на Светската здравствена организација (СЗО) за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Министерот Таравари во оваа прилика повикал на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации.

„Додека се подготвуваме за 4-та министерска конференција за антимикробна отпорност во ноември 2024 година, ги повикуваме претставниците на сите земји-членки овде да се обединат во нашите напори против РАМ. Заедно, можеме да го заштитиме здравјето на сегашните и идните генерации“, рекол Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ