недела, 3 ноември 2024

Таравари: Пендаровски е предизвик за првиот круг од претседателските избори

„ДУИ никогаш не стоела полошо, па ми нудеа сè. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле. А предизвик за првиот круг од претседателските избори ми е Пендаровски“, изјави Арбен Таравари во интервју за ТВ21 во кое вели дека како  претседател на Алијанса за Албанците изгрешил што прифатил партијата била дел од Владата.

Фото: Фесјбук

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќето во партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците“, рече Таравари.

Според него, ДУИ никогаш не стоела полошо со својот рејтинг.

„Сигурен сум дека промената кај Албанците ќе дојде и тоа е добро. Само не знам со колкава разлика, но промената ќе дојде, а тоа ќе биде добро и за ДУИ. ДУИ не била послаба никогаш од 2002 година, тоа го велат анкетите“, нагласи Таравари.

Тој рече дека Алијанса за Албанците нема да влезе во Влада доколку нема да направи уставни измени.

Таравари во актуелниот претседател Стево Пендаровски гледа предизвик во првиот круг од претседателските избори.

„Зависно од кампањата, реално и според анкетите само Пендаровски би можел да нè предизвика во првиот круг,за тоа кој ќе влезе во вториот решавачки дуел, вели Таравари и додава дека врз база на анкетите ВМРО ДПМНЕ е многу понапред.

Тој истакна дека има реални шанси да влезе во вториот круг од претседателските избори.

„Според сите дискусии што сме ги направиле, со оглед на моменталното расположение, мислам дека имаме реални шанси да влеземе во вториот круг од претседателските избори. Доколку ДУИ и СДСМ одат со заеднички кандидат, тоа ќе ни ги зголеми шансите уште повеќе. А дали ќе победиме на претседателските избори, тоа е тешка мисија сега за сега, да не реча, невозможна“,  изјави Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ