сабота, 9 ноември 2024

Таравари најавува јавна расправа за законот за правична застапеност во подготовка на Вреди

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен закон за правична застапеност. 

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека Вреди веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе наредната недела ќе се одржи и јавна дебата.

„Вреди подготвува нов закон, којшто се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите од коалицијата. Од сите страни е констатирано дека ‘балансерот“ не функционираше како што треба“, изјави Таравари пред почетокот на настан во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

„Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон“, додаде Таравари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ