петок, 4 октомври 2024

Таравари е подготвен да седне на маса со Села и Ахмети да разговара за интересите на Албанците

Зијадин Села и Али Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција, но ние сме подготвени за разговор за прашања и теми кои се однесуваат на Албанците, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање поврзано со повикот на Села упатен до партиите на Албанците да се обединат „против реализирањето на недобронамерните планови кон Албанците“.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Кажав дека Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција. Инаку нема проблем, подготвени сме да разговараме со кого било и во кое било време“, рече Таравари во одговорот на прес-конференција по денешната посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ