понеделник, 14 октомври 2024

Taравари: Дојде времето државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата.

Објавено на

часот

Сподели

Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).

„Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински“, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваа лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами  на Движење Беса.

Тој најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја предводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред сè, од народот кој е најважен за мене. Ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.

„Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици, седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота ќе го официјализираме ова, и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам“, рече Таравари, наведувајќи и дека ќе продолжи да ја извршува градоначалничката функција, како што посочи, додека не биде избран за претседател.

Таравари рече дека кога дипломирал за доктор, ја положил Хипократовата заклетва и се обврзал животот да го стави во служба на хуманоста. Тоа ќе биде неговиот главен мотив во претседателската трка.

„Имаме можност диверзитетот во нашата земја да го претвориме во уметност на соживот и хармонија. Со взаемна почит ќе можеме да се вратиме на сонот кој сите можеме да го имаме и да го оствариме. Во извршувањето на мојата професија нема да влијае религијата, националноста, расата, политиката или класната припадност. Сакам овие зборови добро да ги запаметите, бидејќи тие ја изразуваат суштината на моето ветување и за задачата која еден претседател треба да ја има кон луѓето на неговата држава“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ