вторник, 8 октомври 2024

Такер Карлсон потврди дека ќе го интервјуира Путин (ВИДЕО)

Поранешниот водител на Фокс њуз потврди дека навистина ќе го интервјуира Владимир Путин, по нагаѓањата кои се појавија откако вчера беше виден во посета на кабинетот на рускиот претседател. Карлсон, кој беше отпуштен од Фоск њуз во април минатата година, објави четириминутно видео на Икс објаснувајќи зошто решил да го интервјуира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Интервјуата на западните новинари со украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша како „упикување“ и „владина пропаганда“. Ги критикуваше медиумите за тоа што не го интервјуирале рускиот лидер, кажувајќи дека западната публика „никогаш не го слушнала неговиот глас“ истакнувајќи дека тоа е погрешно.

Кажа дека американскиот мултимилијардер Илон Маск му потврдил дека нема да го блокира или забрани интервјуто на социјалната мрежа Икс. Тој ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за „нелегално шпионирање“ на текстуалните пораки на неговиот тим за да го спречат планираното интервју со Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ