вторник, 15 октомври 2024

Такер Карлсон: Ако демократите не победат ќе нè фрлат во хаос, како што направија со ковидот

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека „партијата на демократијата“ би можела да ги фрли Соединетите Американски Држави во хаос ако на изборите победи кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако мислат дека постои шанса Трамп во ноември да победи доволно убедливо да не можат да ја украдат (победата), тогаш мислам дека нивната единствена опција е на некој начин да го фрлат општеството во хаос како што направија за време на ковидот што беше изговор за промена на начинот на кој гласаме и дозволување луѓе да гласаат анонимно без лични документи и кутии и тоа еден месец пред изборите“, кажа Карлсон.

Тој истакна дека вонредната состојба овозможила „целосно да се измени сè, па и дозволите на (сопственикот на Мета) Марк Закерберг да потроши 400 милиони долари за контрола на механиката на изборите“.

„Тоа е прилично едноставно. Ако насетат дека ќе изгубат, ќе имаме некаков вид криза. Мислам дека тоа најверојатно ќе биде војна со Иран која и онака ја сакаат, но кој би знаел“, заклучи Такер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ