понеделник, 14 октомври 2024

Тајани: Голема грешка на Западот што дозволи Гадафи да биде убиен

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа беше многу сериозна грешка. Да се дозволи Гадафи да биде убиен. Тој можеби не беше шампион на демократијата, но со неговата смрт, политичката нестабилност пристигна во Либија и Африка“, рече Тајани присуствувајќи на летниот форум во градот Лука на северниот брег на Тоскана, пренесува агенцијата Анса.

Според него, благодарение на договорите со Гадафи, Италија успеала да ги запре миграциските текови, а ситуацијата била многу постабилна.

„Тој дефинитивно беше подобар од оние кои дојдоа по него. По него дојде тероризмот, Муслиманските браќа“, рече Тајани, а неговата изјава за Либија предизвика аплауз во салата.

Гадафи беше убиен од бунтовници на 20 октомври 2011 година, потсетува италијанската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ