понеделник, 14 октомври 2024

„Тафталиџе коалицијата“ и Беса во отворена меѓупартиска пресмека во Гостивар

Објавено на

часот

Сподели

Арбен Таравари, преку фејсбук – страницата на Алијанса за Албанците објави групна фотографија под која е кусо напишано:

„Голем дел од огранокот на Беса во Гостивар, преминува кај нас! Добредојдовте во Народниот сојуз“!

Ден – два претходно беше најавено преку неколку портали на  албански јазик дека четворица членови на Беса се преминати во Алијанса за Албанците.

Таквата вест од Беса беше демантирана со оценка дека станува збор не за портали, туку за партиски гласила на Алијанса.

„Вистината е дека четворицата членови на фотографијата се исклучени од Движењето Беса и дека не се во ниту една партиска структура на Беса, а беа исклучени затоа што соработувале со Демократската унија за интеграција и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за време на последните локални избори и по нив“, реагира Беса.

Во најновата објава од Алијанса се гледаат 15 лица сликани со Таравари, од кои, како што објави интернет страницата смартњуз.мк, станува збор за раководители на разни подограноци.

Најновата реакција на Беса е дека на Арбен Таравар му паднале маските и се разоткрило дека тој „отсекогаш бил соработник на ДУИ“.

„Денес Таравари продолжува да јаде леб од ДУИ пазарувајќи луксузни куќи во елитниот дел од населбата  Тафталиџе, а којзнае , можеби пазари и во некоја друга држава! Но, Арбене, се излупи фасадата на твоето политичко дејствување во интерес на ДУИ, а кое беше камуфлирано и сега се гледа и отворено дека си бил и си во служба на интегративците“.

Беса смета дека токму кога бродот на Ахмети почна да тоне поради појавата на „огнените“ и да го губи тлото под нозете во парламентот, дека „Таравари и Алијанса се стрчаа како екипа за итни случаи за спас на ДУИ и Владата.

Во реацијата Беса смета дека тоа на Алијанса ќе ѝ се врати како бумеранг, бидејќи „Таравари заборавил дека гласовите што тој и Алијанса во Гостивар ги добиле биле гласови против ДУИ“.

На крајот Беса и за новите лица фотографирани со Таравари вели дека станува збор за избркани членови од партијата и дека Алијанса „прави блеф во моменти коа ‘огнените’ се одвојуваат од ДУИ,  со единствена причина да се минимизира големиот раскол во ДУИ“.

                                                                                                                            П.Џамбазоки
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ