вторник, 8 октомври 2024

Тачи: Села е обичен криминалец, не влегувам на собраниската седница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска се појави во Собранието на Македонија и рече дека не кажал дека нема да дојде во Скопје, туку дека нема да биде присутен на седницата. Села е криминалец, им изјави Тачи на новинарите.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на Собранието на Македонија, на која треба да се гласа за  разрешување на министерите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои се од редовите на Алијансата за Албанците, лидерот на ДПА, Мендух Тачи нема да присуствува.

Тој денеска влезе во зградата на Собранието и на новинарите им појасни.

„Јас вчера не реков дека не доаѓам во Скопје. Дојдов, но како што кажав, нема да гласам. Зијадин Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена, тој е обичен криминалец, измамник и нема причина сега да изразиме каење за неговите предлози“, изјави Тачи.

На прашањето дали парламентарното мнозинство има доволно гласови за разрешување на министрите, Тачи рече дека смета оти има доволно гласови и додаде.

„Но, тоа е нивен проблем“.

Некогаш Тачи и Села беа сопартијци во ДПА, но настана раскол во партијата, по што Села реши да ја формира Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ