Тачи денеска беше на гробиштата во Тетово за да му оддаде почит на поранешниот лидер и идеолог на ДПА и потписник на Охридскиот договор, Арбен Џафери, по што даде изјава поврзана со овој договор со кој пред 23 години беше запрен воениот конфликт во Македонија. Договорот е застарен и само го губиме времето, рече Тачи.
„Потребен ни е нов договор меѓу Македонците и Албанците. На нас Албанците неопходен ни е силен договор со Македонците за целосна наша рамноправност и споделување на интересите во заедничката држава. Со Уставот да се регулира симболиката, секој од нас ќе има свое знаме со рамноправност на двата јазици. Гледаме дека е неизлечива болеста на Македонците за доминација и владеење со нас со карактеристики на владеењето во тоталитарните системи и во диктаторските режими. По 23 години од Охрид, сега само го губиме времето“, изјави Тачи.
На прашањето за неговото отсуство од одбележувањето на годишнината од Охридскиот договор, одговори дека тој никогаш не учествувал на одбележувањето на овој договор зашто тој е обврзувачки договор.