„Можеме и мораме заедно да се позанимаваме со мпоксот“, кажа тој за медиумите. „Дали ќе избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминација на мпоксот на светско ниво или ќе влеземе во уште еден циклус на паника и занемарување. Како ќе реагираме сега и во годините кои доаѓаат ќе биде критичен тест за Европа и светот“, истакна тој.
Мпокс, вирусната инфекција која предизвикува симптоми слични на грипот, е обично блага, но може да биде и смртоносна.
Варијантата на тие сипаници „клејд 1б“ предизвика меѓународна загриженост, бидејќи се чини дека полесно се шири преку близок контакт, пренесува Ројтерс.
Случај на зараза со таа варијанта на вирусот потврден е минатата недела во Шведска и е поврзан со растечката епидемија во Африка.
„Околу стотина нови случаи на помалку сериозната варијанта „клејд 2“ секој месец се пријавуваат во Европа“, наведе Клуге.