вторник, 8 октомври 2024

Светските лидери повикуваат на прекин на конфликтот на Блискиот Исток

Светските лидери ги повикаа Иран и Израел да се повлечат откако Техеран истрела низа ракети на израелска територија како одговор на убиствата на лидерот на милитантната група Хезболах, поддржана од Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди ширењето на конфликтот на Блискиот Исток.

„Ова мора да престане. Апсолутно ни треба прекин на огнот“, рече Гутереш.

Техеран претходно соопшти дека синоќешниот напад – кој уследи по објавата на Израел дека почнува копнена офанзива против Хезболах во Либан – е одговор на убиствата на водачите на милитантната група поддржана од Иран.

По бранот проектили, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го осуди „секое ширење на конфликтот на Блискиот Исток“.

Додека конфликтот на Израел со Хезболах се шири паралелно со тековните напади против Хамас во Газа, Гутереш ја критикуваше „ескалацијата по ескалација“ во регионот, пишува Франс 24.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека нападот е „целосно неприфатлив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ