среда, 16 октомври 2024

Светска шампионка е суспендирана поради допинг

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за интегритет на атлетиката потврди дека атлетичарката Нора Јеруто е привремено суспендирана откако била позитивна на допинг.

Во објавата не се откриваат деталите за кои средства станува збор и колку долго ќе трае суспензијата.

Јеруто е родена во Кенија, но настапува за Казахстан. На последното Светско првенство го освои златото со време од 8:53.02 што е рекорд на светските првенства и трет најдобар резултат на сите времиња на 3.000 метри со пречки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ