понеделник, 12 мај 2025

Зеленски: Киев е спремен директно да разговара со Москва, но по прекин на огнот

Украина е подготвена директно да разговара со Москва за ставање крај на руската инвазија, што би било првпат од 2022 година, но само откако ќе стапи во сила прекин на огнот, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој го соопшти ова во пресрет на новиот состанок во Лондон на кој ќе се соберат Американците, Украинците и Европејците со цел да се постигне прекин на огнот во Украина, каде што борбите се водат повеќе од три години.

„По воведувањето прекин на огнот, ние сме подготвени да седнеме (на преговори) во кој било формат“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев.

Претходниот ден, рускиот претседател Владимир Путин ја спомена можноста за продолжување на директните преговори со Украина за да се разговара за прекин на огнот ограничен на нападите врз цивилната инфраструктура.

Последните директни разговори меѓу двете страни се одржаа во пролетта 2022 година, во почетокот на руската инвазија на Украина, и завршија неуспешно.

Во моментов Вашингтон води одвоени разговори со Киев и со Москва. Белата куќа вчера потврди дека преговарачот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела ќе ја посети Москва.

Тоа ќе биде четврта посета на Виткоф на Русија откако Трамп ги обнови руско-американските контакти во средината на февруари.

Трамп, кој сака војната да заврши што е можно поскоро, во неделата изјави дека се надева оти договор меѓу двете завојувани страни ќе биде постигнат во текот на неделава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ