понеделник, 11 август 2025

Вучиќ за блокадите: Немаа никаква шанса, целосно контролиравме сè

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека полицијата за време на денешните блокади низ Србија „целосно ја контролирала ситуацијата“, а дека учесниците на блокадите „немаа никаква шанса“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ за телевизија Пинк кажа дека утринава биле ангажирани повеќе полицајци од „оние кои беа ангажирани за малтретирање на граѓаните“.

„Ништо витално не уништивте освен интересите на своите соседи. Зошто тоа го прават ни самите не знаат, веројатно за да имаат фотографии за социјалните мрежи. Секој ден вакви блокади, поддршката драматично им опаѓа бидејќи луѓето не го сакаат тоа. Можат да ги малтретираат граѓаните, но на своја штета“, кажа српскиот претседател.

Апелираше до учесниците на блокадите да „ја работат својата работа, да гласаат како сакаат, но да не ги загрозуваат правата на другите луѓе“.

„Имаме проблем што не сакаме некој да ни настрада, а тие исфрлаат контејнери на улиците кога ќе им падне на памет. Само тие можат да убијат некого, никој друг“, кажа Вучиќ.

Додаде дека им оддава „големо признание“ на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, на директорот на полицијата Драган Васиљевиќ и на сите единици низ Србија кои, според него, храбро и законски учествувале во тешката и неблагодарна задача.

„Тие ја извршија на високо професионален начин и така ќе ја вршат и во иднина“, кажа Вучиќ.

На прашањето за изјавата на претседателот на партијата Србија центар Здравко Понош дека за решавање на кризата во Србија е неопходно меѓународно посредување, Вучиќ кажа дека „не го интересира што зборуваат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ