недела, 8 февруари 2026

Вучиќ за лажните вести и нападите: Хистерија против Србија

Објавено на

часот

Сподели

„За мене претходните денови се буквално како кошмар, најтешките во мојата професионална работа. Драго ми е што тоа другите луѓе не го чувствуваат. Ги прифатив сите критики, забелешки, притисоци. Дури ни во Брисел во 2013 година, кога беше многу, многу тешко, не беше како сега“, кажа Вучиќ.

„Таа хистерија против нашата земја можевте да ја видите и вчера, со измислениот авион со (рускиот разузнавач) Патрушев, веста дека не го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина… Ситуацијата е ужасно тешка… Мислам дека Лаушевиќ еднаш кажа „Годината минува, денот никогаш“. Остарев во претходните три дена како во изминатите десет дена“, истакна српскиот претседател.

Тој повторно кажа дека се води „хибридна војна против Србија“.

„Навистина мислите дека сите се радуваат на успехот на Србија? Србија двојно побрзо се развива, ја јакне војската… Ним фокусот воопшто не им е фокусот на Украина, таа им е споредна, ја користат за напади на Србија. Мислите дека ќе ни честитаат што имаме подобар Клинички центар од Загреб и Љубљана? Секоја лага против Србија им е дозволена. Србија е научена да ја газите. Србија е за почитување на меѓународното право и го почитува територијалниот интегритет, Србија го почувствува тоа“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ