понеделник, 8 декември 2025

Властите во Калифорнија предлагаат децата да се вакцинираат без дозвола од родителите

Објавено на

часот

Сподели

„Алабама дозволува таква одлука од 14, Орегон од 15, Род Ајленд и Јужна Каролина од 16 години“, рече Винер, демократ од Сан Франциско, пренесува АП.

Сенаторот вели дека Калифорнија веќе дозволила вакцинација на деца од 12 години и постари против хепатитис Б и хуман папиломавирус (ХПВ) и лекување сексуално преносливи инфекции, злоупотреба на супстанции и нарушувања на менталното здравје.

„Можноста да им се даде автономен избор на младите луѓе во поглед примање вакцина која спасува животи, без оглед на убедувањето на нивните родители, е од клучно значење за нивното физичко и ментално здравје. Не е во ред тинејџери да не можат да се вакцинираат затоа што нивните родители не сакаат или не можат да ги однесат во центар за вакцинација“, рече Винер.

Малолетниците на возраст меѓу 12 и 17 во моментов не можат да се вакцинираат во Калифорнија без дозвола на родител или старател, освен ако не се работи за вакцина за спречување сексуално преносливи болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ