понеделник, 8 декември 2025

Турција бара безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа откако го олесни враќањето на посмртните останки на израелски војник убиен таму пред повеќе од една деценија, изјави висок турски функционер.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хамас претходно изјави дека борците кои се кријат во областа Рафа, контролирана од Израел, нема да му се предадат на Израел и ги повика медијаторите да најдат решение за кризата што би можела да го загрози едномесечниот прекин на огнот. Израел, во меѓувреме, потврди дека ги примил останките на Хадар Голин, војник убиен во заседа во Газа за време на војната во 2014 година.

Турција успешно посредуваше во враќањето на останките на Хадар Голин во Израел по 11 години, по „интензивните напори што ја покажуваат јасната посветеност на Хамас на прекинот на огнот“.

„Во исто време, работиме на обезбедување сигурен премин за околу 200 цивили од Газа кои моментално се заробени во тунелите“, изјави функционерот за Ројтерс.

Турција е потписничка на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас од минатиот месец, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ