недела, 8 февруари 2026

Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна, рече Лавров

Објавено на

часот

Сподели

Лавров рече дека Русија, која минатата недела покрена, како што ја нарекува, специјална воена операција против Украина, ќе се соочи со „реална опасност“ доколку Киев добие нуклеарно оружје.

Москва верува дека добивањето правно обврзувачки безбедносни гаранции од членките на НАТО е од огромно значење, рече вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во видеообраќањето на Конференцијата за разоружување.

„(Нашите) западни колеги сè уште не покажаа волја да ѝ дадат на Русија долгорочни законски обврзувачки безбедносни гаранции… За нас, постигнувањето на овие цели е од фундаментално значење“, нагласи Лавров.

„Украина сѐ уште има советски технологии, што содржат такви оружја. Ние не можеме да не одговориме на таквата реална опасност. Русија е одговорна членка на меѓународната заедница, посветена на своите обврски за оружјата за масовно уништување. Преземете ги сите неопходни чекори за да спречите појава на нуклеарно оружје и сличните технологии во Украина“, рече рускиот министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ