недела, 7 декември 2025

Трамп му пиша писмо на израелскиот претседател барајќи помилување за Нетанјаху

Израелскиот претседател Исак Херцог доби писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговата канцеларија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Против Нетанјаху веќе низа години се водат три одделни процеси за корупција, а Трамп постојано бара негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој „случај“ против Биби, кој долго време се бори заедно со мене, вклучително и против многу моќниот израелски непријател Иран, е политички, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.

Канцеларијата на Херцог соопшти дека секој што бара претседателско помилување мора формално да го побара тоа, во согласност со постојните процедури, објави Ројтерс. Трамп исто така повика на помилување за Нетанјаху за време на посетата на Израел во октомври, во говорот пред израелскиот парламент.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид одговори на повикот на Трамп со „потсетување“ дека израелскиот закон предвидува прв услов за помилување да биде „признание на вина и изразување каење“.

Порано оваа година, Лапид, „со должно почитување кон Трамп“, нагласи дека „никој не треба да се меша во правниот процес на независна држава“ и ја нарече иницијативата на американскиот претседател „компензација“ за Нетанјаху за притисокот врз него да ја запре војната во Газа.

„Тоа е типичен Трамп“, рече Лапид во тоа време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ